Таа, наводно, добила зелено светло од Католичката црква да го поништи нејзиниот поранешен брак со Гевин Росдејл претходно овој месец.
Поп ѕвездата Гвен Стефани изгледа дека е пресреќна со нејзиниот вереник, кантрипејачот Блејк Шелтон, а тоа го покажува со својата заразна насмевка откако во четвртокот го посети домот на еден пријател во Лос Анџелес.
Свршеничкиот прстен на 51-годишната фронтменка на No Doubt, чија вредност е проценета на 500 000 долари, блеска на сонцето исто како и нејзината насмевка, коментираат таблоидите.
Блејк Шелтон, кој започна да се дружи со Гвен во 2015 година, ѝ го постави прашањето минатиот октомври кога патуваа во Оклахома.
Гвен го сподели прстенот кратко време откако рече „да“ на симпатична фотографија на Инстаграм на која се бакнува со Блејк, а неодамна на своите фанови им даде уште еден поглед со видеото Let Me Reintroduce Myself.