Tом Хенкс отпуштен од болница по карантинот за ковид-19

Актерот Том Хенкс е пуштен од австралиската болница каде што беше во изолација откако минатата недела тестот покажа дека е позитивен на коронавирус, но неговата сопруга Рита Вилсон останува хоспитализирана, соопштија во вторникот здравствените власти.

Повеќекратниот добитник на Оскар беше на „Голд-Кост“ во близина на Бризбејн за да снима филм-биографија за Елвис Присли во режија на Австралиецот Баз Луман, кога тој и сопругата, и двајцата на возраст 63 години, се заразија со вирусот ковид-19.

Рита Вилсон, пејачка-текстописец, оддржа концерти во Сиднеј и Бризбејн, пред да биде тестирана позитивно за ковид-19. Австралиските власти ги следат контактите на двојката со цел да ги идентификуваат сите други луѓе кои можеби биле заразени.

Австралија досега потврдила речиси 400 случаи на коронавирус, при што петмина умреле од оваа болест.

Двојката објавија на социјалните медиуми дека се заразиле со ковид-19 и им се заблагодарија на докторите во австралиската болница, и воедно, ги повикаа своите фанови да ги следат советите на експерти за избегнување на болеста.

Според новинските извештаи, Хенкс најверојатно се вратил во апартманот на Златниот брег (Голд-Кост), каде парот престојувал додека тој работел на филмот во кој го глуми долгогодишниот менаџер на Елвис Присли, полковникот Том Парк.

Треба да знаете
Последни објави