Крадци вчера украле 50.000 маски од магацин за медицински материјали и заштитна опрема во Келн, Германија.
Полицијата објави дека грабежот во округот Муелхајм во понеделникот наутро, бил забележан од еден од вработените при пристигнувањето на работа.
Градскиот тим за кризи им нареди на сите болници во Келн да проверат каква заштитна опрема им е потребна како резултат на епидемијата на коронавирус и да обезбедат подобра заштита од потенцијални кражби.
„Ова е еден сосема нов вид на кражба“, коментираше портпаролката на градските болници.
„Обично се крадат предмети што се вредни, но очигледно сега и за заштитните маски има добар пазар“, рече таа, додавајќи дека и по кражбата не би требало да има проблем во снабдувањето со маски за граѓаните.