Борците од терористичката организација дознаа за забраната за патување од билтенот „ИС-ал Наб“ во текот на викендот, пренесува „Ројтерс“.
Билтенот, наводно, бара од џихадистите надвор од Европа да не доаѓаат на Стариот континент, а приврзаниците кои се веќе во Европа да не ја напуштаат.
Терористите кои и служат на Исламска држава исто така се потсетуваат да ги мијат рацете и да ја покриваат устата при кивање и кашлање.
Предупредувањето, наводно, содржи целосна страница со цртежи и упатства за тоа како да се избегне зараза. Засега нема случаи на зараза во Сирија, каде што е основана Исламска држава, иако здравствените податоци од таа земја не се сметаат за целосни.