КФСМ на чело со Перо Антиќ во минатата година имала буџет од рекордни 1,6 милиони евра.Но сепак, оваа бројка не треба да чуди бидејќи најголем дел од тие финансиски инекции дадени на КФСМ е од страна на ФИБА и државата.
Ако претходните години федерацијата била во долгови и заглавени сметки со новото раководство не е така. Иако, рака на срце полесно се доаѓа до тие финансиски средства.Само ФИБА изминатава година инкасирала 705.000 евра во КФСМ, Женева изминатава година била доста дарежлива. Државата пак, преку многу озборуваниот ваучер систем на федерацијата дала скромни 550.000 евра.