Администрацијата на Општина Гостивар ќе работи со скратено работно време до 24 март

Администрацијата на Општина Гостивар ќе работи со скратено работно време до 24 март.

Како што најавија од општината, согласно препораките, тие ќе работат од 8 до 13 часот со полн капацитет, а од 13-16 часот ќе има само дежурен во Информативниот центар.

„Ги молиме граѓаните на Општина Гостивар да го почитуваат скратеното работно време, односно да не излегуваат надвор без потреба, а општинската администрација да ја посетуваат само за предмети кои се итни и неодложни предмети. Општина Гостивар Ви се заблагодарува за разбирањет и ве повикува да се придржувате до препораките. Јавното здравје е заедничка одговорност на сите нас“, велат од општината.

Треба да знаете
Последни објави