Украина ја прекинува работата на контролните пунктови на границата со Крим

Украина ја прекина работата на контролните пунктови на границата со Крим до 3 април и воведе ограничувања за бројот на лица што ја минуваат границата, објави украинското Министерство за внатрешни работи на својот канал „Телеграм“.

„Работата на контролните пунктови на границата со привремено окупирана територија на Крим е стопирана до 3 април“, велат од Министерството, додавајќи дека само определен број украински граѓани ќе можат да ја преминат границата.

Треба да знаете
Последни објави