Според инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, играчите од НБА лигата ќе изгубат 21-24 проценти од своите плати доколку сезоната 2019/20 не продолжи.
На 11 март, НБА лигата ја објави суспензијата на сезоната најмалку 30 дена поради откривање на коронавирус кај центарот на Јута, Руди Гобер. Подоцна, тестовите на соиграчот на Гобер Донован Мичел и центарот на Детроит, Кристијан Вуд дадоа позитивен резултат.
Сопствениците и менаџерите на клубовите очекуваат сезоната да продолжи не порано од средината на јуни.
НБА колективниот договор и дозволува на лигата да ја намали платата на играчите за секој натпревар пропуштен заради епидемија.