Филипче: Касарната во Пепелиште ќе биде групен карантин на 200 луѓе

Министерот за здравство Венко Флипче вели дека околу 200 луѓе на кои беа на граница со Унгарија се чекаат да дојдат на Деве Баир.

-Повеќето работеле во ризични подрачја. Сите ќе одата во Пепелиште во групен карантин во касарна.Епидемија е во силен ек. Нека седат дома децата и старите. Излегувајте само ако имате потреба, вели Филипче.

Тој посочи дека во земјава би можело да се очекува зголемување на бројот на заболени од ковид-19 во земјава, нагласувајќи дека бројот на заболени би можело да достигне до 2.000 лица. Како што рече тој, пикот би можело да се очекува за околу еден месец. Секоја епидемија има почеток експанзија и крај, рече тој и ги повтори апелите за придржување кон препораките од Владата.

Треба да знаете
Последни објави