Рекордни 35,3 милиони Французи го следеа телевизиското обраќање на претседателот Макрон

Синоќешното телевизиско обраќање на францускиот претседател Емануел Макрон беше проследено од вкупно 35,3 милиони гледачи, емитувано на сите канали истовремено (ТФ1, Франс 2, Франс 3, M6, Ц8, ТМЦ, Л’Екип, БФМТВ, ЛЦИ, ЦЊуз и Франсинфо), јави дописникот на МИА.

-Ова е апсолутен рекорд за телевизиско обраќање интервенција на еден француски претседател, беше речено од Медиаметри, органот, кој ја мери гледаноста на телевизиските канали.

Треба да знаете
Последни објави