Швајцарските здравствени власти проценуваат дека околу 2.650 луѓе во земјата се заразени со новиот коронавирус, а досега починале 19 лица.
Тие предупредуваат дека бројот на заболени ќе ескалира како што ќе се развива епидемијата.
Раководителот на Секторот за заразни болести при Федералната канцеларија за здравство, Даниел Кох, ги повика граѓаните да се придржуваат кон острите мерки кои ги воведоа властите во Берн, кои вклучуваат забрана за настани и собири.
Тој истакна дека овие мерки се клучни за спречување на последиците од коронавирусот.