Властите во Италија прогласија за лекари околу 10.000 студенти по медицина кои завршиле семестрално, но не ги положиле последните државни испити или не специјализирале.
Целта е да му се помогнеме на здравствениот систем во време кога од 21 февруари досега починале повеќе од 2.100 лица, а околу 28.000 се заразени.
Новите лекари ќе бидат упатени на поликлиниките за општа медицина и домовите за стари лица. Од овие места ќе бидат ослободени нивните поискусни колеги, кои ќе бидат испратени во одделите за интензивна нега.
За три недели интензивна нега само во Ломбардија се неопходни 1.135 лица, додека во болниците има не повеќе од 800 легла, изјави Џакомо Грасели, раководител на одделот за интензивна нега во болницата Поликлинико во Милано.
Властите продолжуваат да работат на создавање стотици нови кревети во изложбениот центар „Фиера Милано” но сè уште не добиле доволно квалификуван персонал и опрема.
Гаетано Манфреди, министер за високо образование, соопшти дека Владата ќе им овозможи на студентите кои годинава треба да станат дипломирани лекари да почнат со пракса осум до девет месеци пред нивните последни испити.