Чулев ги посети полициските службеници распоредени на пунктови кај Маврово и Бошков Мост

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска ги посети полициските пунктови кај Маврово и Бошков Мост и оствари средба со полициските службеници кои се распоредени таму.

– Тука сум за да изразам поддршка на полициските службеници кои се дел од Одделот за специјални полициски операции и несебично помагаат на граѓаните во справување со последиците од корона вирусот, изјави Чулев.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дела тој се заблагодарил на колегите од Дирекцијата за заштита и спасување и ги повикал граѓаните да останат во своите домови и да ги почитуваат одлуките на Владата за справување со коронавирусот.

 

Треба да знаете
Последни објави