Парична глоба во висина од 2 500 евра е првата изречена казна за непочитување на задолжителните мерките донесени од Владата во справувањето со ккоронавирусот. Казнет е жителот на селото Дебриште, Оштина Росоман, кој по враќањето од Германија вчера не ја почитувал мерката за задолжителна изолација.
-Тој влегол во државата на 16 март во 23:15 часот, враќајќи се од Германија како средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација. Притоа, одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и да ја прими писмената наредба на Министерството за здравство. На 17 март во 13 часот, кога од страна на полицајци од Кавадарци е направена контрола во неговиот дом, обвинетиот не бил затекнат таму и телефонски изјавил дека е на истовар на стока во Струмица, соопштија од обвинителството кога побараа од судот да ја одреди казната.