Гантар: Во Словенија сите треба да се однесуваат како да се заразени

Словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар денеска ги предупреди граѓаните на земјата дека сите треба да се однесуваат како да се заразени, бидејќи, како што рече, бројот на  заразени со новиот коронавирус  е веројатно петпати поголем од 275, колку што се официјално потврдените случаи.

Говорејќи пред новинарите во Љубљана, министерот Гантар рече дека здравствениот систем не е приспособен на проблемите со кои се соочува во време на пандемијата, но истакна дека ситуацијата се уште е под контрола.

– Потребни се организациски мерки, рече Гантар.

Властите во Љубљана се надеваат дека ќе го стабилизираат бројот на заразените за системот да може да се справи со вирусот.

Треба да знаете
Последни објави