Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) реши да ја помести Копа Америка за 2021 година поради пандемија на коронавирусот.
Ваквата одлука на континенталната фудбалска централа во Луке, Парагвај, дојде по одлуката на УЕФА да го помести Европското првенство за наредното лето, па двата големи турнира ќе се играат во исто време.
Домаќин на Копа Америка во 2021 година ќе бидат Аргентина и Колумбија од 11 јуни до 11 јули.