Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашната прес конференција на која ги објави новите мерки против коронавирусот им се заблагодари на затворениците во Србија,особено тиа во затворот во Ниш.
-Морам да им се заблагодарам и на затворениците, кои во овие тешки моменти не прават проблеми туку напротив, помагаат на државата. Ова особено важи за затворениците од нишкиот затвор кои изработуваат хируршки маски, кои недостигаат во Србија, рече Вучиќ.
Тој најави дека до крајот на месецот ќе набават 30 милиони маски, а претходно ги критизираше граѓаните кои негодуваат зошто војксата и полицијата носат маски, а нема за граѓаните.