Во критична фаза сме, останете дома, им порача вечерва на граѓаните,Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, преку бројот за итни случаи 112, јави дописничката на МИА од Атина.
– Генералниот секретаријат за цивилна заштита 17.03: Коронавирус: Во критична фаза сме. Останете дома. Лимитирајте го движењето на апсолутно неопходно. Заштитете ги ранливите групи граѓани. Колку повеќе се самоизолираме, толку ќе го забавиме ширењето, пишува во пораката испратена на грчки и англиски јазик на мобилните од грчките оператори.
Ова е втора порака преку бројот за итни случаи 112, за помалку од една седмица, откако минатата среда беа испратени упатства за коронавирусот.