„Јуниверзал пикчрс“ ќе направи филмовите да бидат достапни дома и во киносалите во ист ден

Филската компанија Universal Pictures, дел од Comcast Corp., во сопственост на медиумската компанија  NBCUniversal (Ен-би-си јуниверзал), ќе ги направи своите филмови достапни дома истиот ден кога ќе бидат прикажувани во кината во целиот свет, започнувајќи со филмот „Тролови: Светска турнеја“ – продолжение на музичкиот анимиарн хит на DreamWorks од 2016 година Trolls World Tour – кој ќе почне да се прикажува во САД на 10 април.

Одлуката, објавена од страна на Ен-би-си јуниверзал во понеделникот, е одговор на промената на однесувањето на потрошувачите како последица на ширењето на коронавирусот. Пандемијата ја поремети традиционалната практика на достапност на филмот исклучиво во киносалите 90 дена пред истиот да биде објавен на други платформи.

Ен-би-си јуниверзал „ќе продолжи да ја врши проценка на животната средина како што ќе се развиваат условите“, се вели во соопштението на компанијата.

Компанијата ќе ја преиспита стратегијата веднаш штом ќе се промени сегашната состојба.

Треба да знаете
Последни објави