Францускиот фудбалски интеранционалец Карим Бензема во дресот на Реал Мадрид има фантастичен старт на новата сезона во шпанската Ла Лига. Французинот со последните два гола против Мајорка во победата од 6-1 ги надмина поранешните ѕвезди во Ла Лига, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Голгетерот Бензема испиша нова историја во Ла Лига во 21.век. Тој е директен актер во постигнувањето на 15 голови во првите шест натпревари од сезоната за својот тим. Самиот се запиша во листата на стрелците осум пати, а оствари и седум асистенции.
Претходниот рекорд го држеше Кристијано Роналдо настапувајќи за „кралевите“ со постигнати 13 голови и една асистенција во сезоната 2014/2015, а Лионел Меси во дресот на Барселона во сезоната 2011/2012 имаше скор од осум голови и пет асистенции.