Ланзини го израдува тимот од Лондон со голот во деветтата минута, по што „ѓаволите“ доминираа во остатокот од мечот, но не успеаа да постигнат израмнувачки погодок, па мораа да се збогуваат од Лига Купот.
Арсенал славеше со 3-0 против Вимблдон, додека Лестер беше подобар од Милвол со 2-0 со головите на Лукман и Ихеаначо.
Во следната рунда се пласираа и Челзи и Тотенхем по подобро изведување на пенали.
Европскиот шампион славеше на пенали (4:3) по ремито 0:0 со Астон Вила, додека Тотенхем и Вулверхемптон одиграа 2:2, а „мамузите“ триумфираа со 3:2 во пенал рулетот.