ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно новонастаната ситуација со корона вирусот во нашата земја како и препораките и забраните на Владата и Министерството за здравство кои се однесуваат на спречување на ширење на корона вирусот, ја известува јавноста за следните промени во работниот процес:
Наплатата на фактурите да се врши по електронски пат, без провизија. Регистрираните електронски корисници, преку својот профил и нерегистрирани корисници, преку опцијата БРЗО ПЛАЌАЊЕ на www.vodovod-skopje.com.mk. Сите оние кои имаат пристап до електронско плаќање, можат да извршат уплата и за друг корисник.
Во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе работи само затворениот шалтер за наплата со ново работно време и тоа од понеделник до петок од 8 до 18 часот и сабота од 9 до 14 часот, со намален број на вработени.
Наплатниот пункт во Сарај, НЕМА ДА РАБОТИ.
Се минимализираат теренските активности, освен во случај на дефект или во специфични ситуации.
Ги повикуваме корисниците за секоја потребна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје да се обратат на:
- 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
- 02 3240 300, Дирекција
- kontakt@vodovod-skopje.com.mk
- https://vodovod-skopje.com.mk/
- https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/
ПОЧИТУВАЈТЕ ги и ПРИДРЖУВАЈТЕ се до препораките издадени од релевантните институции Министерство за здравство, http://zdravstvo.gov.mk/, Владата на РСМ, https://vlada.mk/ и Светската Здравствена Организација, https://www.who.int/.
***Зголемете го нивото на хигиена, избегнувајте физички контакти, редовно мијте ги рацете, пијте повеќе вода и одржувајте го вашиот имунитет, доколку забележите одредени симптоми јавете се на 078 387 194 – Институт за Јавно Здравје, Скопје. Бидете свесни за вас и сите нас.***