Дезинфекциските средства во австрискиот Парламент ќе се дополнуваат само врз основа на барање затоа што е утврденo дека се крадат, се наведува во неодамнешниот протокол на претседателството на собранието.
Како и во болниците, средствата за дезинфекција исчезнуваат сега и во парламентот, поради што властите морале да реагираат.
Портпаролот на парламентот Карл Хајнц Грундбек рече дека собранието се грижи за дезинфекција на просторот и посочи дека е пријавена кражба на средства за дезинфекција на раце.
Тој рече дека редовно се врши дезинфекција на просторот и дека средствата за дезинфекција на раце ќе се дополнуваат само кога е потребно.
Австрискиот парламент одржува седница за да ги донесе сите закони потребни за надминување на тековната криза со коронавирусот.