Huawei  прогласен за кандидат број 1 со 3,524 патенти според рангирањето на Европската канцеларија за патенти за 2019 година

 Европската канцеларија за патенти (EPO) објави ранг листа на патенти за 2019 година. Презентираните податоци покажуваат дека за 2019 година примени се повеќе од 181,000 апликации за патент, што претставува зголемување од 4% во однос на 2018 година. Меѓу нив бројот на кинески апликации за патенти се зголеми за 29,2% – на 12.247 примероци, со што земјата е на четвртото место. САД, Германија и Јапонија се на првите три места.

5G и AI се области со најголем развој во 2019 година. „Брзиот развој на дигиталната технологија е најзабележителниот тренд за 2019 година“, се вели во изјавата на претседателот на EPO, Антонио Кампинос. Технолошкиот бренд Huawei ги собори топ листите, пред Samsung, LG, United Technologies и Siemens, и покрај притисокот од администрацијата на Трамп врз европските земји да престанат со употреба на уредите на Huawei Technologies Co. Рангирањето на компанијата исто така ја одразува зголемената важност на дигиталните комуникации, вклучително и следната генерација на безжични комуникации позната како 5G.

Доаѓањето на Huawei на врвот е врзано за огромната инвестиција на компанијата во истражување и развој, што се рефлектира во бројот на апликации за патенти. Во 2019 година Huawei инвестираше повеќе од 15 милијарди евра во истражување и развој. Компанијата продолжува да инвестира 10% -15% од годишните приходи во R&D. 10-годишната инвестиција на Huawei во R&D е околу 73 милијарди американски долари.

„Ова покажува дека Huawei инвестира многу во иновации“, рече Луис Беренгуер, портпарол на Европската канцеларија за патенти. Huawei е најголем претставник на патенти за дигитални комуникации, поставувајќи скоро ист број на апликации како Ericsson AB – 1,227 и Qualcomm Inc – 1,061 вкупно. Американските компании, предводени од Alphabet Inc и Microsoft Corp, завршија во првите пет во оваа област.

 

Треба да знаете
Последни објави