Македонски полициски синдикат: Кој ќе ги чува чуварите, полицајците без маски

Интегрален текст од писмото од Македонскиот полициски синдикат

 

QUIS CUSTODIET IPSOS CUSTODES???

КОЈ ЌЕ ГИ ЧУВА ЧУВАРИТЕ ????

Сите ние вработените во Министерството за внатрешни работи, професијата која што сме ја одбрале и што чесно ја работиме сме свесни дека истата носи  ризици и откажувања од многу права кои што ги има секој граѓанин на нашата држава и  несомнено е дека припадниците во Министерството за внатрешни работи, БИЛЕ, СЕ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАТ НА БРАНИКОТ НА ДРЖАВАТА и  едни од најповиканите кога државата е во тешки моменти, а притоа ни е јасно дека мораме максимално да одговориме на повикот. За успешно да ги извршуваме нашите работи и работни задачи потребно е да имаме минимум средства и опрема за заштита на нашето здравје. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден соопшти дека вработените на терен имаат заштитни маски, гумени ракавици и средства за дезинфекција но информациите од теренот кои ги добиваме од колегите кажуваат дека теренот ниту 40% не е покриен со истите.

Почитувани, Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат со над 8500 членови од кои над 8000 се припадници на МВР, БАРАМЕ РАКОВОДСТВОТО  НА МВР ДА БИДЕ ПОСЕРИОЗНО И ВЕДНАШ преку службите за општи и заеднички работи до сите организациони единици во Министерството за внатрешни работи во кои вработените при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, да  достави  заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде задолжително како и средства за дезинфекција.

На крајот сакаме уште еднаш да потенцираме дека состојбата со Корона вирусот е повеќе од сериозна и се надеваме дека ова ќе стигне до Вас од раководствотсвото на Минитеството за Внатрешни работи.
Од денес не смееме да дозволиме ниту еден вработен во МВР да биде испратен на терен без заштитна маска, ракавици и средство за дезинфекција. Сфатете го ова како сериозно и итно. Вработените во МВР тоа го очекуваат од ВАС.

Треба да знаете
Последни објави