Либералниот весник „Хаарец” со наслов „Епидемија на надгледување” оцени дека „под закрила на битката против ширењето на коронавирусот, премиерот на преодната влада Бенјамин нетанјаху се концентрира да приграби што е можно поголема моќ”.
По изборите на 2 март, Нетанјаху има поддршка од 58 пратеници, односно тројца помалку од што е потребно за мнозинство во парламентот со 120 пратенички места. Тесно мнозинство од 61 пратеник има ривалот на Нетанјаху – Бени Ганц, кој ја предводи партијата Сино и бело.
Претседателот на Израел Рувен Ривлин го назначи Ганц за мандатар, но во меѓувреме Нетанјаху искористи серија извршни акти и друга тактика со цел да спречи да се состане Парламентот. поради тоа, и претседателот Ривлин предупреди дека демократскиот систем во земјата е под закана.