Со денешните (15 ч.) преостанати три натпреаври од првата елиминаторна рунда во фудбалскиот Куп на Македонија, Кит Го – Шкендија, Велешта – Шкупи и Њу Старс – Борец ќе биде комплетирано 16-финалето од најмасовното натпреварување.
Прволиагашите Шкендија, Шкупи и Борец, како и пред една седмица кога се одиграа другите мечеви од оваа рунда се фаворити и не дозволија изнеандувања. Таков исход се очекува и на денешните дуели но тоа ќе треба да го потврдат на теренот.