Расте бројот на заразени од коронаврусот во Албанија, каде во последните 24 часа се потврдени пет нови случаи.
-Бројот на заразени од коронавирус во нашата земја се зголеми на 64, од вкупно 697 тестирани. Денеска се регистрирани пет нови случаи, од кои тројца италијански државјани, а две лица се наши државјани, на 80 и 42- годишна возрст. Во моментов, 32 пациенти се хоспитализирани во Инфективната болница во Тирана, изјави Албана Фицо, директорка на Институтот за јавно здравје.
Таа додаде дека од вкупниот број заразени 45 се во Тирана, шест се во Фиер, пет во Драч и по два случаи во Љушња, Елбасан, Рогожина и Каваја.
-Во Инфектвната клиника во Тирана се хоспитализирани 32 пациенти, од кои тројца се на интензивна терапија, но ниту еден од нив не е на респиратор. Сакам да ја информирам јавноста дека Министерството за здравство набави нова колична на дијагностички тестови за коронавирусот. Апелирам до граѓаните на посебниот борј 127 да се јавуваат само доколку имаат одредени симптоми кои асоцираат на коронавирусот, да седат дома и да ги почитуваат и другите препораки, порача Фицо.
Во Албанија досега се регистрирани и два смртни случаи.