Инфектологот во болницата во Гостивар Ратко Наумоски, во изјава за ТВ21 вели дека пациентка од Гостивар е позитивна на коронавирусот, но немала никакви симптоми.
-Таа е пејачка од Албанија, мажена во Гостивар. Пред неколку дена се вратила од Германија, и дојде во инфективната клиника да се тестира. Немаше никакви симптоми, и денеска стигнаа тестовите. Изненадувачки беа позитивни, иако таа, ќе кажам повторно, немала никакви симптоми, а тест направи поради тоа што била заедно настапувала со пејач од Косово, рече Наумоски.
Според него, сега се тестира и сопругот на пациентката, а двајцата биле хоспитализирани во болницата, во посебни простории. Ќе бидат чувани во изолација до утре, и ќе се види дали сопругот е позитивен.
Потоа ќе се одлучи дали ќе бидат испратени во домашна изолација, или, пак, на Инфективната клиника во Скопје.