Српскиот претседател Александар Вучиќ, во денешното обраќање до јавноста најави дека „Србија целосно ги затвара границите и го забранува внатрешниот меѓуградски автобуски и железнички сообраќај”, јави дописникот на МИА од Белград.
– Од утре во осум часот се затвараат сите гранични премини за влез во Србија за патници кои се превезуваат со патничкиот, железничкиот и речниот сообраќај, освен за транспортните камиони, повеќе никој не може да влезе во Србија, изјави Вучиќ, не наведувајќи дали мисли и на српските државјани кои доаѓаат од странство, бидејќи за странските државјани забраната за влез во Србија важи веќе четири дена.
Тој изјави дека досега во Србија се забележани 103 случаи на заразени со коронавирусот, како и дека очекува во неделите што доаѓаат оваа бројка значително да се зголеми.
Според него, во Србија се влезени над 71.000 српски државјани повеќето од нив од кризните жаришта, како и дека српските служби ги следат движењата особено на оние од Италија и другите кризни жаришта, давајќи пример за семејства кои заразени со коронавирус доаѓаат во Србија да се лекуваат, бидејќи здравствениот систем во Србија е бесплатен.
– Ги следиме нивните мобилни телефони во роаминг, и полицијата ќе обрати внимание, во Белград, во Мирјево, немојте да се изненадите ако забележите повеќе полиција Ги очекуваат строги казни, изјави Вучиќ.
Тој истакна дека наредните денови очекува тешки денови и изрази очекување дека здравствениот систем во Србија ќе издржи, бидејќи болниците се полни со заболни граѓани, додавјќи дека на „не може да каже од каде, но Србија набавила 200 респоратори од странство.”
Во новите мерки во борбата против коронавирусот, српскиот претседател најави дека „од утре во 12 часот во Србија се забранува меѓуградскиот автобуски и железнички сообраќај, освен патничкиот сообраќај со возила.”
Вучиќ најави дека во наредните денови, српската Влада ќе донесе одлука за проширување на полицискиот час.