Блокбастерот за суперхероината беше соборен од првото место на боксофисот изминатиов викенд.
„Марксмен“, новиот експлозивен трилер на Лиам Нисон ја детронира жената-чудо и по четиринеделна доминација на киноблагајните „Вондер воман 1984“ падна на место број три.
Акциониот трилер го победи суперхеројскиот хит во првите четири дена на прикажување во киносалите, според „Холивуд репортер“.
Ова е вторпат еден од филмовите на Нисон да се најде на врвот на боксофисот за време на пандемија, откако неговиот трилер „Искрен крадец“ исто така се искачи првото место во октомври.
Режисерот на „Марксман“ е Роберт Лоренц, кој има продуцирано повеќе филмови за Клинт Иствуд, па дури и го режираше Trouble With The Curve (2012 година).
Во новиот филм Нисон глуми сточар во Аризона, кој треба да ја искористи некогашната обука за маринец за да спаси младо момче киднапирано од мексикански наркокартел.