Вработените на два скопски хотели од пред неколку дена се во изолација поради корона вирус, дознава 24 инфо. Според нашите извори на едниот од хотелите директорот на хотелот бил позитевин на коронавиус. Директорот бил на патување во странство пред извесно време и од пред една недела имал симптоми. Направен е тест кој бил позитивен. Вработените се ставени во 14 дневна изолација.
Во вториот случај гостин се пожалил дека има температура. Направен е тест и тој бил позитивен.