Потврдено: Новите регулативи во Ф1 се одложени до 2022 година

Формула 1, ФИА и сите тимови се согласија да ги воведат новите регулативи една година подоцна – во 2022 година. Одлуката беше донесена за време на конференциски повик во четвртокот помеѓу шефовите на тимовите, претседателот на ФИА, Жан Тод, спортскиот директор на Ф1 Рос Браун и извршниот директор на Либерти Медиа – Чејс Кери.

Страните се согласија дека сегашните правила ќе продолжат да се применуваат во 2021 година. Развојот на делови, вклучително и шасијата и менувачот, ќе биде замрзнат. Во подоцнежна фаза, ќе се овозможи развој на аеродинамични елементи.

Задоцнувањето на новите правила ќе влијае на финансискиот капацитет на тимовите за развој на следната генерација автомобили, бидејќи новиот буџетски таван ќе биде воведен во 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави