При терористички напад во Мали загинаа најмалку 29 луѓе

Најмалку 29 луѓе синоќа загинаа откако бунтовниците нападнаа воен камп во североисточниот дел на Мали.

– Кампот на армијата на Мали во местото Таркинт, градот Гао, беше мета на терористички напад. Во нападот убиени се 29, а повредени се пет лица, се наведува во армиското соопштение.

Помеѓу загинатите најмалку двајца се војници.

На почетокот од месецот при ракетен напад врз контролен пункт загинаа шест војници на Мали, а во ноември минатата година при напад врз воена база беа убиени најмалку 50 војници.

Претседателот на Мали, Ибрахим Баубацар Кеита изрази подготвеност за преговори со бунтовничките групи, со цел да се изнајде решение за безбедносната криза.

Треба да знаете
Последни објави