Ирак и Јордан алтернативни пазари за јагнето, денеска ќе се дефинираат конкретни мерки за помош на сточарите

За македонското јагне се бараат алтернативни пазари, а едни од нив може да бидат Ирак и Јордан, соопшти денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски.

Одоговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата на која најави дека и покрај вонредната состојба во државата земјоделските активности продолжуваат, Димковски рече дека поради состојбата со коронавирусот, извозот засега се одвива со забавено темпо.

Министерот информира и дека денеска во 13:30 часот ќе има средба со одгледувачите на овци со кои, заеднички, треба да се договорат конкретни мерки за поддршка на секторот.

-Алтернативни пазари се Ирак и Јордан со кои нашите трговци се обидуваат да воспостават врски кои и досега ги имале за да може и таму да се извезува. Може да се каже дека поради состојбата со коронавирусот и забавениот откуп, веќе имаме и прераснато јагне кое може да го пласираме на таквите пазари.

Треба да знаете
Последни објави