Финскиот институт за јавно здравје смета дека новите одредби на СЗО немаат смисла

Раководителот на финскиот институт за јавно здравје рече дека насоките на СЗО со кои се повикуваат државите да тестираат што е можно повеќе луѓе, немаат смисла бидејќи тие кои имаат благи симптоми и на кои не им е потребна медицинска помош, немаат корист од тестирањето, а и се трошат ресурсите.

За разлика од многу други земји, Финска одлучи да ги тестира само најранливите групи и вработените во здравствениот систем.

Финскиот институт за јавно здравје соопшти дека тестирањето на лица со благи симптоми би било бескорисно трошење на ресурсите на здравствениот систем.

„Ние не ги разбираме упатствата за тестирање на СЗО. Ние веќе не можеме целосно да ја отстраниме болеста од светот. Ако некој го тврди тоа, не ја разбира пандемијата”, рече Мика Салминен, раководител на финскиот институт за здравје и благосостојба, за весникот „Хелсингин Саномат“.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус во средата рече дека стратегијата за тестирање и набљудување „мора да биде основа на одговор во секоја земја“.

Видливоста на ширење на заразата во Финска, која има население од околу 5,5 милиони луѓе, рапидно е намалена откако властите ги ограничија теститрањата поради недоволен капацитет.

Треба да знаете
Последни објави