Македонската фудбалска репрезентација полуфиналниот натпреавр од Лигата на нации со Косово во Скопје ќе го одигра на 4 јуни, соопшти ФФМ. Средбата беше закажана за 26 март, но се одложи поради влошената ситуација со коронавирусот.
Победникот од овој натпревар на 9 јуни како гостин ќе игра во финалето против подобриот од дуелот Белорусија – Грузија за пласман на завршницата од Европското првенство кое УЕФА наместо годинава го премеси за идната година.