Скопјани кои биле во контакт со заболени заглавени дома, нема кој да им земе брис

Лица кои имаат симптоми на коронавирусот, а претходно биле во контакт со заболени од Ковид-19, заглавени се во своите домови со висока температура, кашлица и треска, а во Центарот за јавно здравје им велат да се јават само ако развијат посериозни симптоми објави „А1он“.

Вчера во редакцијата на „А1он“ се обратило лице кое е во карантин трет ден, после контакт со еден од заразените од коронавирус.

-Вртам 15 минути на телефонските линии, беше зафатено. Кога конечно ги добив и им кажав дека сум бил во контакт со заболен, а ги имам сите симптоми на вирусот, ми рекоа да останам дома и да се јавам само ако развијам посериозни симптоми. Ги замолив да дојдат да ми земат барем
брисеви, бидејќи сепак живеам дома со постари родители кои се хронично болни. Јас немам како да излезам од дома бидејќи сум во карантин, а во Центарот ми рекоа дека тоа ќе го сторат само ако има влошување на ситуацијата, рекол соговорникот.

Повеќе на „А1он“.

Треба да знаете
Последни објави