Преместувањето на Ролан Гарос во септември не им одговара на голем број тенисери и тенисерки. Сите тие остро реагираа на според нив оваа „себична“ одлука на организаторите, која го носи турнирот една недела по завршувањето на УС Опен.
Есенскиот термин се поклопува со одржувањето на Лејвер Купот, што е голем проблем за Роџер Федерер. Швајцарскиот ас е главниот амбасадор на овој турнир, па се очекува по петти пат во последните шест години да ги пропушти натпреварите во Париз.
Овој турнир е закажан за викендот од 25-27 септември, а Грен слемот на земјена подлога ќе започне на 20 септември.