Премиерот на Јапонија Шинѕо Абе изјави дека наставата во новата учебна година ќе почне во април, по пролетниот распуст, како што и било планирано.
Училиштата во Јапонија беа масовно затворени во текот на изминатиот месец по апелот на Абе. Затворањето на училиштата беше доброволно и не претставуваше официјална мерка на владата.
Сепак, Абе остана претпазлив кога станува збор за јавни собири и ги повика организаторите внимателно да размислат за ризикот од ширење на коронавирусот.
Многу спортски настани во Јапонија се одложени и одржувањето на Олимпијадата е под знак прашалник, и покрај изјавите на јапонските власти дека одложувањето нема да се случи.
Во Јапонија во моментов има 1.675 луѓе заразени со вирусот, вклучувајќи 712 од крстосувачот Дајмонд Принцес.