АХВ: Пазарете во најблиските продавници за да го скратите времето надвор од домот

 Пазарете во најблиските продавници, бидејќи со тоа го ограничувате и скратувате времето на движење надвор од домот. Задржете се што пократко во продавницата, со тоа што ќе направете список дома за вашите потребни намирници и така ќе го скратите времето на престој во продавниците за храна. Доколку е возможно обезбедете маска и ракавици и користете ги за време на пазарењето.

Ова се само дел од препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упатени до граѓаните согласно актуелната состојба со коронавирусот во земјава.

Според АХВ, при пазарењето, најдобро е граѓаните да изберат прехранбени производи кои вообичаено ги купуваат.

-Со тоа, не морате детално и целосно да ги читате иформациите од етикетите, бидејќи тие етикиети од претходно ви се познати. Задолжително направете визуелен преглед на амбалажата или производот, проверете дали амбалажата е оштетена и проверете ги органолептичките својства. Задолжително проверете го и датумот на производство, односно рокот на траење.  По завршување на пазарењето и излегувањето од продавница, дезинфицирајте ги рацете со препорачано средство за дезинфекција. Користените ракавици за еднократна употреба по напуштањето на продавницата фрлете ги во канта за отпадоци, порачува АХВ.

Треба да знаете
Последни објави