Том Брејди со нов предизвик на 42 годишна возраст

И официјално, најдобриот квотер бек во НФЛ лигата, на 42 годишна возраст ќе го замени досегашниот патриотски дрес на Њу Ингланд со оној на Тампа Беј.Многу аналитичари и познавачи на амeриканскиот фудбал го сметаат Том Брејди за најдобриот квотер бек на сите времиња.Брејди стана икона на Њу Ингланд после одиграните 20 сезони за тој клуб.

https://www.facebook.com/TomBrady/photos/a.233362006704957/3957674624273658/?type=3

Том Брејди со шест наслови шампион на НФЛ играта е еден од најнаградуваните играчи во овој спорт.Ништо не би било чудно во сето ова ако не ги погледнеме неговите години.Том на 42 години се одлучи за нов предизвик во кариерата.Сега, Тампа Беј веднаш се промовира како еден од најголемите фаворити за пласман на Супербоул натпреварот, а сите фанови на НФЛ-лигата, чекаат да видат како Брејди ќе се снајде во новиот дрес и без тренерот Бил Беличек.

Треба да знаете
Последни објави