Небојша Стошиќ од Скопје е добитник на автомобил BMW X1 од инстант лозот Мини и макси на Државна лотарија на Македонија, а кој денеска му се предадена клучевите.
Стошиќ е верен играч на Лото 7, и како што вели не поминува коло без да ги уплати своите среќни броеви, но исто така секогаш купува инстант лозови каде што главната премија е автомобил.
Среќниот лоз го купи во продажното место „Саде – С” во Скопје што ги изгребал после неколку дена. Купил неколку, а еден од неколкуте лоза му ја донел главната премија од Мини и макси и атрактивниот BMW X1.
Инстант лозот Мини и макси нуди пет автомобили MINI One и 10 автомобили BMW X1, како и многу парични добивки.