Американската економија е во рецесија како резултат на глобалната пандемија од коронавируст, се вели во извештај на „Банк оф Америка”.
Извештајот е подготвен од аналитичари под раководство на Мишел Мејер, главен економист на банката, кои изјавија дека економијата во САД официјално е во рецесија.
-Тоа се случи, како и во други делови на светот, и тоа е голем пад, се вели во документот.
Банката предвидува неизбежен раст на невработеноста и намалување на приходите на населението. Во второто тримесечје се очекува пад на економијата од 12 отсто од бруто домашниот производ, додека за цела година се очекува пад од 8 отсто.
Аналитичарите предвидуваат „мошне споро враќање кон растеж” после падот во април.