Арсовски: Филипче прави скандалозна набавка на респиратори од Бразил, од 4 понуди тој ја фаворизира најскапата и најнебезбедната

На оваа прес конференција што ја свикавме во попладневните часови нема да носиме заклучоци, тоа ќе го оставиме на граѓаните, а ние само ќе ги посочиме единствено фактите во оваа прес конференција.

Венко Филипче е денеска фатен од глава до пети во профитертство со набавка на респиратори кои што во моментов се најнеопходни во оваа криза и зараза на вирусот Ковид 19. Но исто така фатен е и во лага.

Денеска на прес конференцијата од министерот слушнавме дека се договара набавка на новите неопходни респиратори од Бразил и дека само тоа Бразил го единствено го може. Вчера пак, сведоци бевме дека самиот Филипче информираше дека одлуката од каде ќе се набават новите респиратори се уште не е донесена. Ниту само Бразил тоа го може, ниту пак донесена не е одлука.

Не е точно дека Бразил е единствениот понудувач. Еве ги понудите на екранот позади мене и тие се вкупно 4.

Денес сосема спротивно од вчера Филипче соопшти дека Бразил е фаворизиран и пред да биде донесена одлуката тој преговара со понудувачот кој објавуваме дека има неколку илјади долари повисока цена, единечна цена за респиратори.

Согласно нашите информации, од останатите 3ца понудувачи, дури 2ца имаат пониски цени од понудувачот од Бразил. Значи тој ја фаворизира бразилската понуда од 24 800 долари, а отфрла понуди од 7 илјади долари пониски или пак неколку илјади долари пониски. Не е точно дека е само една понуда. Еве го доказот. Вкупно 4 понуди за набавка на неопходните респиратори.

Практично Венко Филипче денеска потврдува дека или изборот на понудувач е извршен пред време, а не беше во ниту еден момент јавно соопштено кога се извршил изборот, или ако не е донесена одлуката тогаш имаме кривично дело фаворизирање на повисока понуда односно скапа понуда.

За да не дојде до забуни, јавно ги објавуваме цените на понудувачите и понудувачите на овој екран позади мене, можат да се видат само цените на истите за да граѓаните имаат јасна претстава.

Повторувам, ова се моменти каде што не се потребни политички препукавања и поени, но секој обид за ваков начин на профитерство на маката на граѓаните во моментов ќе го објавиме, па сепак граѓаните нека судат.

Зошто министерот инсистира за набавка само по овој канал кога имаме понуда поевтина за 7 илјади долари од останатите, односно оваа понуда на Венко Филипче која што ја фаворизира од Бразил е поскапа за 7 илјади долари? Дали во ваква состојба има и сомнеж за профитерство? Сето тоа Владата треба јавно да го обелодени и да одговори на овие прашања.

Ние денес објавуваме, народот нека носи заклучоци. Со детали ќе излеземе и ќе ги изнесеме во наредниот период.

 

Треба да знаете
Последни објави