Мицкоски: Мора да се спасат бизнисите на компаниите, да се задржат вработените и да се одржи државниот буџет

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното интервју за Сител телевизија, истакна дека владата мора да прифати економски мерки за да се спасат бизнисите, вработените да ја задржат работата, и да се покрие дупката што ќе настане во буџетот за да може истиот да ја задржи ликвидноста.

– Мојата грижа е да предложиме што повеќе мерки, да се избориме тие мерки од оваа влада да бидат прифатени, за да спасиме што е можно повеќе човечки животи.  Ова коешто излезе како сет на мерки коишто Владата ги предложи е повеќе навредливо. Нам ни треба акција во економијата, не шминка. Секој ден апелираме веќе седум, осум дена, секојдневното чекање подразбира повеќе трошок за граѓаните, повисока камата на парите, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека денеска 12 илјади луѓе во две фабрики остануваат на годишен одмор, што ќе се случи со оние коишто се погодени особено во секторот транспорт, туризам, угостителство, тоа се илјадници наши граѓани.

– Државата треба веднаш да покрие 50% од трошоците за секој еден вработен, како плати така и придонеси, но и замрзнување на ратите кон банките и заемодавателите, за да може да се спасат бизнисите но и да се задржат вработените во Македонија.  Зборуваме и за плати и за придонеси, да почувствуваат сопствениците на бизниси дека некој застанал рамо до рамо со нив, затоа што тој како сопственик на бизнис наместо да стави клуч на врата и да го испушти вработените, претпоставувам има некакви залихи, и ќе живеат пристојно. Но што со вработените, ќе помине пандемијата, и тие ќе ја напуштат државата и многу тешко ние ќе можеме бизнисот да го рестартираме. Затоа тој мора како човек кој е сопственик на бизнис да почувствува дека државата размислува заедно со него и е подготвена да сноси 50% од ризикот” потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека многу е важно да се преземат сите мерки, да се замрзнат плаќањата на рати кон банките и заемодавателите бидејќи тоа е добро и за банките, ќе немаат резервации.

„Не репрограмирање туку замрзнување затоа што дека ќе репрограмирате рата од 100  евра па ќе плаќам 50 евра кога имам приход нула.  Потребна е веднаш робусна акција. Веднаш да се санираат штетите во буџетот кои што ќе настанат поради намалениот приход од ДДВ бидејќи потрошувачката е намалена, граѓаните нема да трошат уште долго време и мора таа дупка некако да ја надоместиме.” потенцираше Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека добро е што власта ја прифатила мерката на партијата за да се одложи аконтацијата за данокот на профит за април, мај и јуни, но потребно е да се прифатат сите мерки за да се спасат бизнисите, вработените но и државниот буџет.

Во таа насока тој посочи дека понудиле да се направи тим во кој што ги предложиле техничкиот заменик министер Гордана Димитриеска Кочоска и професорот, член на Извршниот Комитет, професорот Трајко Славевски да бидат дел од тој тим кој што оперативно ќе го спроведе задолжувањето и ќе врши надзор, како се трошат тие пари и дали стигаат до бизнисот.

Треба да знаете
Последни објави