Италијанските фудбалери со 30 отсто помали плати поради Ковид-19

 Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гарвина најави помали плати за играчите поради пандемијата на коронавирус која ги прекина националните првенства на континентот.
Не е наведено како ќе биде заведена уредбата и колкаво намалување се планира, меѓутоа се шпекулира со 20 до 30 отсто за секој фудбалер.
Замислата е оние кои заработуваат најмногу во Серија А, како Кристијано Роналдо, Пауло Дибала, Ромелу Лукаку, Џанлуиџи Донарума, Гонзало Игуаин, да загубат и најмногу.
Роналдо, на пример, заработува 31 милион евра годишно и со ваквата мерка би бил во минус околу девет милиони. Останува да се види реакцијата на фудбалерите по најавата на Гарвина.
Треба да знаете
Последни објави