Стојаноски: Треба повеќе тестирања на граѓаните за да имаме јасна слика колкава е бројката на заразени со коронавирусот

Во однос на тестирањето, претседателот на комисијата за задравство на ВМРО-ДПМНЕ доц. д-р. Синиша Стојаноски, на денешната панел дискусија Live Chat насловен како “Затоа што секој живот вреди” рече дека не е на задоволително ниво. Јасна е пораката на Светската здравствена организација “тестирај тестирај тестирај”.

-За жал ситуацијата оди во онаа насока која што ја и претпоставувавме. Затоа што беа дефинирани мал број на заразени. Тестирањето оди по индикација. Односно неможе секој да се тестира, дури ни оној кој нема класична клиничка слика. Проблематично е она што голем дел на граѓани дојдоа од кризните подрачја и не се придржуваа до мерката на самоизолација. И дојдоа до комуникација со луѓе. И реалниот проблем е сега што немаме јасна слика колкава е потенцијалната бројка на оние што дошле воконтакт со оние кои се заразени и сега се потврдени и како бројка, изјави Стојаноски.

Околу проблемот со заштитните средства Стојановски рече дека Кина е сериозен пример за справување со коронавирусот само затоа што сериозно ги спроведува мерките.

-Медицинските мерки кои беа пропишани од страна на Светската здравствена организација како во однос на тестирањето, така и во однос на изолацијата ги видовме во Кина, но во Италија беше спротивно. Каде што и голем дел од граѓаните несериозно му пристапија на овој проблем. Мене ме плаши тоа што и во нашата земја ситуацијата е многу слична како онаа во Италија. Јас би апелирал да што е можно побргу за да имаме на располагање, и оние кои беа ветени како донација од Кина и она што треба да се набави, за да ние бидеме подготвени за потенцијалната можна бројка на пациенти кои што ќе ја имаат потребата од респиратори. Не би сакал да калкулирам колкава ќе биде таа бројка, би сакал да биде минимална, рече Стојановски.

 

Треба да знаете
Последни објави