ОМ: Воведување на евтина тарифа на електричната енергија за времетраење на безбедносните мерки

Обединети за Македонија е со став дека сериозноста на состојбата  упатува на потреба од соодветни чекори и решенија.

Меѓу првите би требало да биде воведувањето на евтина тарифа на  електричната енергија за времетраење на безбедносните мерки.

Изолацијата во домови секако ќе влијае врз зголемувањето на  потрошувачката на електрична енергија. Од таму, апелираме да се воведе  целосна евтина тарифа, се додека се во сила безбедносните мерки, со  цел да им се олесни и помогне особено на оние со ниски примања и други  социо-економски проблеми.

За нив ресорните министерства би требало да организираат распределба  на социјални пакети и друг вид помош.

Едновремено, ја информираме јавноста и дека со одлука на  Претседателството на Обединети за Македонија, сите партиски активности  се пасивизирани.

Треба да знаете
Последни објави