Поништен тендерот за набавка на респираторни машини

Постапката за набавка на респираторни апарати денеска е поништена. Цената од 16 илијади евра што е постигна за набавка на истите е релативно прифатлива, но ниту еден економски оператор не го задоволи условот за брза испорака, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во врска со набавката на респираторните машини од Бразил. Министерството за здравство ќе и предоложи на Владата да спроведе нова постапка.

Според министерот за здравство состојбата со респираторни машини и сега е добра. На располагање во државата има 120 респираторни апарати.

Треба да знаете
Последни објави